Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Урбанистичкиот шаос во Тетово го уништува квалитетот на живеење

/

пред 1589 дена

Сподели преку :

Градежната експанзија не запира во Тетово. Особено во централното градско подрачје на местата на куќите се градат висококатници, без притоа да се води сметка за зеленило или соодветен паркинг простор. Според архитектот Душица Трпчевска Анѓелковиќ со тоа се менува урбаниот амбиент и квалитетот на живеење.

Не само во Тетово и во другите поголеми градови има градби кадешто има отстапувања од правилниците. Многуте недоречености во законите, старите планови, оставаат можност и за коруптивност, што оди во прилог на инвеститорите, вели Трпчевска Анѓелковиќ.

Токму урбанистичкото планирање и градењето доминира во работата на Државна комисија за спречување корупција, но ефектот е многу мал. Нури Бајрами вели дека секогаш кога поднесувале иницијативи за поднесување одговорност и кривично гонење, добивале одговор дека постапките се во тек.

Бајрами вели дека мора да се зајакнат инспекциските служби, кои треба да бидат присутни од почеток на градбата, затоа што ако се констатира бесправно градење или други неправилности, рушењето е многу поскапо.

Данијела Билбилоска