Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре стартува забраната за ноќно фрлање ѓубре во скопските контејнери- казните се 50 евра за граѓани, а до 1.800 за фирми

/

пред 337 дена

Сподели преку :

Новата одлука за забрана за фрлање смет во Скопје меѓу 22 часот и 6 часот наутро треба да стартува веднаш по објавувањето на одлуката во Службениот весник, кое се планира за утрешниот ден.

Тоа значи дека мерката ќе се применува од утре, а инспекторските и редарските служби на град Скопје ќе бидат на терен постојано, во три смени.

Казните се 50 евра за физички лица и граѓани кои нема да ги почитуваат одлуките, а од 1.300 до 1.800 евра за фирмите и локалите кои ќе фрлаат ѓубре преку ноќ.

Надлежните сметаат дека со мерката ќе се спречи преполнување на контејнерите за домаќинствата и ќе се подобри ефикасноста на собирањето отпад во главниот град.

Доколку се затекне поголема количина неправилно одложен отпад, ќе следи и дополнителна проверка и контрола кај одговорните правни субјекти кои исфрлаат смет.

Прво опомени, па потоа казни за фрлање ѓубре после 22 часот