Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Автобус излетал од патот и се запалил кај Венеција- најмалку 21 загинат од кои две деца

/

пред 1096 дена

Сподели преку :

Автобус излетал од патот мост и паднал помеѓу пат и  железничка линија каде се запалил. Несреќата се случила во областа Местре во близина Венеција.

Најмалку 21 лице загина од кои 2 се деца. Меѓу загинатите има и јагленисани тела на патниците кои не успеале да излезат од запалениот автобис, објавуваат италијанските медиуми.

Извлечени се 18 повредени кои се префрлени во болница. Не е позната причината за несреќата, а споре првичните информации автобусот удрил и ја пробил банкината по што паднал во просторот меѓу патот и железницата.

Жртвите се уште не се идентификувани, но најверојатно станува збор за странски туристи од различни националности.

-Изгледа како обичен автобус, но се користеше за превоз на туристи. Изгледа во него имаше многу странци, меѓу кои и деца. Најдовме неколку украински документи,. изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро за националната телевизоја РАИ и соопшти дека е прогласена кризна медицинска состојба за да се повикаат дополнителни смени на здравствеби работници како и тимови за спасување.