Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: И заменик директорот на полицијата се гледа на снимката од инцидентот кога скопјанец пукаше и со пиштол му се закануваше на полициски началник

/

пред 1589 дена

Сподели преку :

На твитер е објавена видео-снимка од безбедносна камера најверојатно на угостителскиот објект Галакси во Чаир каде минатиот викенд имаше тежок инцидент кога извесен Мерван Љоки впери пиштол во глава на началникот на полицијата во Чаир. Објавената снимка открива дека на лице место бил и Ариф Асани, заменик директорот на Бирото за јавна безбедност (втор човек на полициската служба).

Асани во првичните информации беше спомнат како полициски функционер кој се обидел и успеал да го спаси криминалецот кој извадил пиштол и го вперил во глава на началникот, но потоа во соопштенијата на МВР (го немаше делот за вперен пиштол) и на обвинителството, вториот човек на јавната безбедност не беше спомнат.

Љоки кој извадил пиштол, го вперил во началникот Муртезани, па поради полициска интервенција испукал во воздух, првично бил совладан, но потоа како што соопшти МВР со тегнење и влечење бил „ослободен“ од своите другари. Утредента пиштолџијата сам се предал.

Сега на снимката се гледа дека на местото на инцидентот во сабота навечер (22.05.2022.) имало многу луѓе, пред се млади поради матурска прослава во објектот Галакси. Во еден момент најголем дел од нив трчаат од прометниот булевар кон паркингот, додека се гледаат полицајци и лица во портокалови елечиња како трчаат во спротивен правец најверојатно кон местото на инцидентот (видеото е без тон и е снимено со телефон, па не се слушаат истрели).

Заменик директорот на БЈБ Асани пристигнува со црно ауди, застанува на паркингот и се движи кон местото каде полицајци водат едно лице. Потоа се гледа дека има разговор меѓу нив, а на крај Асани се враќа назад во автомобилот и заминува.

Судир меѓу заменик-директорот на јавната безбедност и полициски началник од Чаир поради апсење на скопјанец кој пукал пред полицајци?

Инцидентот почнал откако зад полициско возило со кое во акцијата „Безбедна матура“ се возел началникот на чаирската полиција, се движело возило со активирани флешери-ротации што е забрането за цивилни возила.

Кога момчето со флешерите било сопрено, тоа кажало дека е со заменик директорот. По средувањето на тој дел од инцидентот, група од 5-мина меѓу кои и Љоки почнале да се расправаат со полицајците и началникот Муртезани за на крај дури имало и истрел откако Љоки го вперил својот пиштол кон началникот.

На снимката не се гледа прецизно дали станува збор за првиот дел од инцидентот со нелегална употреба на флешери или пак е вториот посериозен кога има и пукање пред стотици луѓе од матурските прослави во Чаир (како што е наведено во објавата на видеото на твитер).

Асани вози автомобил марка Ауди, а такво возило нема пријавено во анкетниот лист на вториот човек на полицијата. Покрај тоа, на сајтот на ДКСК нема ниту нов имотен лист на Асани откако на крајот на 2020-та е избран за заменик директор на БЈБ иако му е законска обврска да достави при избор на функција. Дотогаш Асани беше заменик директор на АНБ, но потоа беше назначен за заменик директор во БЈБ.

МВР пак досега не соопшти никакви детали за улогата на Асани на местото на сериозниот инцидент во кој имаше истрели и закани за полициски началник.