Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Одбележан стартот на изградбата на коридорот 8 – Свечена церемонија, многу гости и без одговор за сите дилеми

/

пред 1295 дена

Сподели преку :

Одбележан стартот на изградбата на коридорот 8. Со свечена пригода и со поставена бина на автопатската делница Тетово – Гостивар веднаш после патарината удрен камен темелникот на трасата.

Интересно е тоа што конкретен проект нема, но вицепремиерот Артан Груби претходно рече дека проектот ќе се планира паралелно со изградбата. И додека владата сече лента, обвинителството за организиран криминал по допрен глас се реши да отвори предмет за контроверзите поврзани со надзорот.

„Арбериа дизајн“ е фирмата која  ја организира денешната свеченост. „Арбериа дизајн“ е фирма која често ги организира владините настани. Лани беше ангажирана од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби за прославата на годишнината од Рамковниот договор, а годината претходно и за прославата на Денот на албанската азбука. Таа стана и еден од најголемите играчи во бизнисот со учебниците по воведувањето на Кембриџ-програмата во 2014 година. Во 2015 г. беше најголемиот поединечен донатор на ДУИ.