Силното невреме и обилните дождови синоќа предизвикаа штети во струмичкиот регион. Според информациите од локалните медиуми, најкритично е во селото Костурино, на местото викано „Шепово“, каде во налетот на водата има големи загуби во сточниот фонд, поплавите нанесоа сериозни оштетувања и на земјоделските површини во атарот на селото Муртино.
Локалните земјоделци стравуваат за своите насади, кои се целосно под вода, додека надлежните допрва ќе ја утврдуваат вкупната материјална штета на терен.











