Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Тешка сообраќајка кај Хиподром, изгореа камион и автомобил

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Синоќа сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје беше во прекин поради тешка сообраќајна незгода, при судир на автомобил со камион. Инцидентот се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром.

На видеото кое што го сподели Скопје Инфо се гледа како горат  двете возила.

Утрово од АМСМ информираат дека на патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода.

Засега не е позната состојбата на возачите. Телма побара одговори од МВР, од таму велат дека детални информации ќе изнесат во текот на денот.