Хуманитарен фудбалски натпревар во Кочани меѓу Осогово и Вардар кои одиграа за сеќавање и солидарност со жртвите на пожарот во Пулс.
Натпреварот се одигра пред полните трибини на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. Сите средства од продажбата на билетите се наменети за хуманитарни цели, а дополнителен придонес дадоа и навивачите на Вардар, „Комити“.
Ревијалниот натпревар заврши со резултат 4:1 за Вардар.











