Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За што и за колку пари ќе казнува Сејф сити- од 15 до 500 евра за глоби фатени со Окото на системот „Безбеден град“

/

пред 251 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека преку проектот „Безбеден град“ ќе се казнуваат пет вида на сообраќајни прекршоци за кои се предвидени различни санкции и висина на глоби. Најниска казна е 15 евра, највисока е 500 евра. Првично требаше да се санкционираат три вида прекршоци, но потоа листата беше дополнета.

Првиот прекршок е за Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 км./ч., по исклучок до 70 км./ч. со знак).

  • до 10 км./ч. над дозволеното – 15 евра
  • од 10 до 30 км./ч. – 50 евра
  • од 30 до 50 км./ч. – 300 евра + забрана за управување 3-12 месеци

За Пречекорување на брзина надвор од населено место (130 км./ч. автопат • 110 км./ч. пат за моторни возила • 90 км./ч. други патишта)

  • до 30 км./ч. над дозволеното – 20 евра
  • од 30 до 50 км./ч. – 50 евра
  • од 50 до 70 км./ч. – 300 евра + забрана за управување 3–12 месеци

Поминување на црвено светло

  • 250 евра глоба
  • забрана за управување 3–12 месеци

За Непрописно запирање и паркирање (пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)

  • глоби од 25 евра, 40 евра, 150 евра и 180 евра (во зависност од видот и тежината на прекршокот)

За Учество во сообраќај со нерегистрирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)

  • 500 евра глоба
  • ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 евра

Намалување на санкциите

  • За плаќање во рок од 8 дена се плаќа 50% од глобата
  • Ако има и забрана за управување, се изрекува во половина од пропишаниот рок

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, за поголема лична и општа безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.

Асфалтот под камера, законот под прашалник – „Безбеден град“ ќе фаќа прекршоци, а Уставниот суд дилеми