Заканите за бомби во средните училишта се многу повеќе од играње со безбедносните служби, бидејќи оставaат трајни последици врз учениците и нивните родители кои што сосема оправдано почнаа да се плашат за безбедноста. Лажните закани за бомби кои што се случуваат два до три пати неделно го доведуваат во прашање и нормалниот тек на наставата и едукацијата на средношколците, идните академци.
Психолозите се децидни. Oваа состојба ќе влијае на менталното здравје на ученците, бидејќи не се чувствуваат безбедно кога се во училиште.
Министерот за образование, Јетон Шеќири најави дека изгубените часови поради лажните закани за бомби ќе се надополнуваат по завршување на редовните часови и прават план за конкретно решение.
Денеска, по осми пат, Министерството за внатрешни работи (МВР) регистираше лажни закани за поставени бомби во скопските средни училишта. Првата лажна дојава беше испратена на 26 октомври.
МВР засега без детали околу истрагата, освен тврдењата на министерот Спасовски дека мејловите со заканите се испратени од ИП адреси во странство. Пред една недела скопската полиција приведе едно лице под сомнение дека ги испраќа мејловите со закани, но експресно беше пуштен во недостиг на докази.
Симона Петровска











