Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

/

пред 525 дена

Сподели преку :

Откако општинскиот  инспекторат  утврди дека заменик градоначалникот на Прилеп, Диме Бозоски го доградува без одобренеие објектот Камен Магацин и донесе решение за отстранување на градбата, тој реагира дека  не бил присутен на вонредниот инспекциски надзор.

„Надзорот е вршен во отсуство на инвеститорот кој согласно законите може и има право да присуствува при вршењето на надзорот со право да става свои забелешки во Записникот за извршен инспекциски надзор“, додава Бозоски.

Објаснува дека напукнале и се урнале ѕидовите, а паднал и плафонот при отстранување на покривот за негова реконструкција.  За ваквата ситуација изведувачот  до  надлежните служби во Општиан Прилеп,   доставил писмено известување на 26 март, но до денес, тврди,  не добил одговор ниту пак  известување како да постапува понатаму, па Бозоски  сам  ги прекинал  градежните активности. Демантира дека градел нелегално.

„Приморани бевме да ги срушиме ѕидовите и одлучено е истите да се рушат контролирано, без предизвикување на опасност по објектот и околината. При рушењето на кровот, дојдено е и до оштетување и рушење на дотраена плафонска дрвена конструкција над спратот (таванска конструкција) т.е. под кровот.”, вели  Диме Бозоски-заменик градоначалник на општина Прилеп

Телма по слободен пристап до информации од јавен карактер од Секторот за урбанизам и општинскиот градежен инспекторат обезбеди  документи дека Бозоски не добил одобрение  за градба на објектот Камен Магацин, туку само решение за реконструкција на покрив, а Инспекторатот  при увидот  затекнал  надградба на деловниот објект без одобрени  и донеле решение Бозоски да ја отстрани градбата. Случајот сега ќе го проверува и Антикорупциска.

„Имајќи предвид  дека во врска со бесправното градење на кат од објект во Прилеп веќе  постапуваат надлежно јавно обвинителство и градежен општински инспекторат, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го разгледа случајот единствено од аспект на постоење на состојба на судир на интереси и за констатираната состојба ќе се произнесе дополнително, наведуваат од ДКСК.

Но, заменик градоначалникот  на Прилеп во постапката на општинскиот инспекторат  гледа  политика и тенденциозност за елиминација да влезе во трката за градоначалник на Прилеп, обид  да се извалака неговото име поради можната  кандидатура од негова страна токму во време кога се очекува ВМРО ДПМНЕ да ги објави имињата на кандидатите.

Емилија Мисирлиевски