Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Застрелан човек во скопската населба Аеродром, не се знае кој и од каде пукал

/

пред 1617 дена

Сподели преку :

Попладнево на локацијата позната како „Тобако“ во скопската населба Аеродром ранет е човек од истрел од огнено оружје, но не се знае од каде и кој пукал.

Тој стоел на улицата и разговарал со вработен во Тобакото и слушнале пукање, по што се пожалил на болка и бил пренесен во болница.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал  повреда од куршум , по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, информира МВР.