Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Злосторството во Кочани – една година потоа“, документарен филм, премиера, понеделник 16.03.2026. во 19:15

/

пред 202 дена

Сподели преку :

„Злосторството во Кочани – една година потоа“ е документарен филм во производство на Телма. Премиерно ќе биде прикажан во ТОП Тема, во понеделник 16.03.2026. во 19:15, на годишнината од трагедијата и пожарот во кабарето Пулс.

Соговорниците во документарецот ги споделуваат личните искуства и сеќавања од трагичниот пожар. Двајца родители чии синови загинаа, новинарот кој бил на местото на трагедијата и за првпат известувал за огромна несреќа во родниот град, преживеан кој поминал 8 дена во кома, претставници на новиот граѓански активизам потикнат од општествената реакција во Кочани.

Приказна за животната драма на семејството Димитриеви, 30-годишниот Диме загинува во пожарот, а ден подоцна му се раѓа синот. Злосторството во Кочани- една година потоа, траги кои не се бришат лесно, спомени кои не смее да се заборават.