Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Авионите од Британија и утре ќе слетуваат во Скопје- се чека одлука на влада за блокадата

/

пред 2119 дена

Сподели преку :

Најрано во среда ќе почне примената на забраната за летови од и кон Велика Британија, оечкуваат во владата откако Главниот кризен штаб донесе одлука да го сопре авио-собраќајот кон островот поради тамошното откритие на новоразвиени сој на корона-вирусот што лесно се пренесува.

Главниот кризен штаб донесе одлука да го сопре авио-сообраќајот кон Британија, а за сите патници кои ќе дојдат оттаму (ао авион или по копно) ќе следуваат 14 дена домашен карантин. Со ова и Македонија се приклучи на воздушната „блокада’ на Велика Британија.

Утре има два лета Скопје- Лутон, Лондон, првиот утрински кон Британија, а попладне има повратен лет. Според информациите на Телма, од владини, но и од извори во аеродромските служби- двата лета ќе се реализираат бидејќи официјално владата нема донесено одлука за сопирање на авионскиот сообраќај. Кога владата ќе донесе одлука, ќе го извести ТАВ за да престанат летовите.

-Тоа најрано ќе биде од среда, ни изјавија од прес службата на влада.

На тој начин, двата лета ќе се реализираат, а нејасно е дали патниците кои ќе дојдат со попладневниот лет ќе одат во карантин или не.

Во Британија е откриена нова мутација на короната, која според првичните анализи е многу полесно пренослива иако не влијае на успешноста на новата вакцина, ниту пак е поопасна од претходните мутации.