Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска ја запре постапката за избор на ректор на УКИМ

/

пред 2269 дена

Сподели преку :

Затворени врати на Ректоратот на Кирил и Медотиј ја запреа постапката која Антикорупциска ја отвори по сопствена иницијатива а се однесуваше на избор на ректор на Универзитетот.

Од Антикорупциска соопштија дека причина е неуспешна достава на писменото известување до Ректоратот на УКИМ и ректорот Јанкуловски кои според законот мора да се изјаснат за сомневањата и да дадат свое објаснување.
Ставот на Антикорупциска беше дека со тоа што ректорот Јанкуловски истовремено претседава со Сенатот и е кандидат за ректор има потенцијален судир на интереси и тој се поставува во позиција самиот себе да се контролира.

Претходно уставниот суд ја укина владината Уредба  со која се стеви во мирува постапката за избор на ректор со оценка дека се нарушува автономијата на Универзитетот.

На денешната седница беа разгледани неколку пријави кои се однесуваа на поведени дисциплински постапки против вработени во државаната администрација кои беа отфрлени.

Антикорупциска исто така ја отфрлија пријавата на ВМРО – ДПМНЕ која се однесуваше на огласот за избор на 50 судии портонци во кривичниот суд во Скопје со образложение дека не е од организатор на кампања и дека ќе го третира како поднесок со наводи за корупција.

Огнен Чанчаревиќ