Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Апелација: Од 9 на 5 години затвор за Ѓоко Поповски за предметот „Триста“

/

пред 2147 дена

Сподели преку :

Поранешниот помошник министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски наместо 9 ќе треба да одлежи 5 години затвор, одлучи апелациониот суд во Скопје.

Поповски е обвинет и осуден за набавка на триста  возила во МВР во предметот „триста“ на Специјалното јавно обвинителство, во кривичниот суд во Скопје од судијката Добрила Кацараска, а предметот претходно беше вратен на повторно судење.

Апелационите суд ја потврдиле вината на Поповски, но одлучиле да му ја намалат казната.

Инаку Ѓоко Поповски е првиот функционер кој заврши во затвор. Според обвинението, со оваа набавка во МВР буџетот бил оштетен за 453.570 евра, а тој заврши како единствен обвинет.