Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Асоцијацијата на спортски обложувалници со донации за семејствата на настраданите во тетовската модуларна болница

/

пред 1849 дена

Сподели преку :

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ќе ги подржи семејствата на жртвите во пожарот во тетовската модуларна болница, со еднократна финансиска помош во висина од 60.000 денари по семејство, соопштија од АСОМ.

  • Ова е голема загуба за семејствата на кои во оваа прилика им изразуваме длабоко сочувство. Човечкиот живот е ненадоместлив и не постојат зборови за утеха. Но, во овие моменти на неизмерна болка и тага за блиските на починатите, сакаме да понудиме искрена поддршка и помош. Заедно со членките, едногласно и без двоумење одлучувме да донираме парични средства на сите семејства кои загубија свој близок во пожарот во Тетово”. – велат од Асоцијацијата.

Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка на Црвениот Крст на РСМ.