Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атина го смени составот во македонско – грчката Комисија за образование и историја

/

пред 2234 дена

Сподели преку :

Официјална атина целосно го смени составот на мешовитата македонско грчка комисија за образование и историја како што најави премиерот Киријакос Мицотакис. За шеф на грчката делегација во комисијата е именувана Софија Илиаду – Тахос, професор по историја на модерна Грција на Униеврзитетот на Западна Македонија во Кожани.

Шефот на македонската делегација, дипломатот Виктор Габер, вели дека е очекувана измената на составот откако шефот на грчкиот тим во ноември минатата година по изборите беше сменет од функцијата заменик министер и пратеник.

Екс шефот на дипломатијата, Никола Димитров, смета дека измената на составот на Комисијата не е за да се забави процесот или пак да го врати од почеток

Македонскиот тим веќе ги има изготвено коментарите и забелешките по наставните содржини и програми по историја во грчките учебници и ќе ги достави на следната средба која треба да ја најави и закаже грчиот дел од Комисијата. Досега се одржани четири средби.

Интердисциплинарната комисија на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Грција беше формирана во согласност од Договорот од Преспа.

Огнен Чанчаревиќ