Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Евакуација на Македонка од Украина, со автомобил кон граница

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Мери Амбросова, Македонка од Украина при своето повлекување од државата која е под руски напад објави видео јавување од својот автомобил, повика на мир и смиреност без подгревање на тензиите.

-Имаме неспокој дека нема да стигнеме до граница затоа што има проблем со гориво, односно не работат бензинските пумпи, па меѓу луѓето се шири паника, рече Амбросова во своето јавување во живо на социјалната мрежа на Инстаграм.

-Навистина е трагично што му се прави на овој народ. Сите се надеваа дека се мирно ќе заврши, вели македонката Мери.

Таа опишува и дека имала проблем да излезе од Киев со автомобил и дека успеала да стигне до автопатот на кој што има исто така големи автомобилски колони. Амбросова во своето обраќање вели дека до граница има 10 часа патување и се надева дека ќе стигне и ќе ја премине за да се врати во Скопје.