Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата треба да бара договор за приватните Ковид болници- интензивни состаноци за резервоар за кислород за Мала Богородица

/

пред 2139 дена

Сподели преку :

Веќе девети ден трае подготовката за вклучување на приватните болници во кризната состојба со опремување и пуштање за прием на заразени во поранешната Мала Богородица-Систина.

Приватните болници споделија фотографии од подготвениот капацитет, но за да почне да работи првин треба да се потпише договор, а дополнителен проблем е и поставување на резервоар за кислород до капацитетот кој се наоѓа во трговскиот центар Олимпико во Тафталиџе.

Според законот за управување со кризи во член 33 став 2, стои дека владата треба  да поднесе барање за договор со приватна фирма:

-Во случај на кризна состојба, по барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот или доброволно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица кои не се опфатени во ставот 1 на овој член.

Од министерството за здравство вчера соопштија дека потпишување на договорот е обврска на ЦУК, додека од ЦУК соопштија дека чекаат насоки од здравство. Приватните клиники пак соопштија дека предминатиот викенд е направен устен договор кој треба да се официјализира, но и да се донесат одлуки за лекарско управување на болницата и за медицинскиот состав на договорениот ковид центар, кое според нив е во надлежност на министерството.

Најголем теренски проблем останува изградба на резервоар (танк) за  кислород, за да се опслужува централниот довод за кислородна поддршка за пациентите кои би биле сместени во овој капацитет.

Денеска надлежните службеници од здравство, МВР, транспорт и врски и од општина Карпош одржуваат состанок за да одлучат како да се забрзаат процедурите за резервоарот за што постојат ингеренции на повеќе државни и локални органи. Со процедурата за дозвола, се предвидуваат и безбедносни протоколи кои при изградбата на резервоарот со кислород треба да се исполнат.

Миомир Серафиновиќ