Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата ќе ги стимулира со 30 денари по пациент матичните лекари кои дистигнале 70% вакцинација

/

пред 1768 дена

Сподели преку :

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, за стимулација на матичните лекари кои ќе постигнат 70% од вакцинација на своите пациенти, да бидат наградени со 30 денари по пациент.

Ова наиде на критики кај матичните лекари, кои сметаат дека ваквата финансиска стимулација е понижувачка за нив.

Инаку, според неделната споредбена статистика, опфатот со две дози вакцина кај вкупното население во земјава е 38,7%.