Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата за колапс на образовниот систем на два дена пред стартот на учебната година. Велат платформата за он-лајн учење е целосно нефункционална, и ја обвинија владата дека наместо за осум месеци да изготви издржано решение за учебната година, таа понудила политичка кампања.











