Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Битола меѓу позитивните од Ковид -19 и двајца средношколци

/

пред 2284 дена

Сподели преку :

Двајца средношколци се меѓу новите заболени од корона вирусот во Битола. Двајцата се од исто семејство, а неофицијално болеста ја добиле од нивниот татко, кој пак е од друг кластер. Едниот средношколец немал контакти, а другиот пријавил четири пријатели студенти кои се под здравствен надзор.

Независно од случајот, родители од Битола апелираат тинејџерите да носат маски и да се откажат од поздравување со прегрнување и 6акнување како пред вирусот. Тие апелираат и до други родители да разговараат дома со децата за да носат маски, зашто во друштва ретко кој се придржува до тоа. Младите велат дека оние нивни врсници кои носат маски често се исмејувани во друштво или убедувани дека болеста не постои.

Од почетокот на пандемијата до денес во Битола се разболеле 54, двајца починаа.