Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Дубровник се капеа во морето откако падна рекордот за највисока температура

/

пред 1735 дена

Сподели преку :

19.3 степени целзиусови во Дубровник на втори јануари.

Тоа е највисоката температура измерена во Хрватска во 14 часот, но и највисоката јануарска температура во Дубровник откако се мери температурата во овој град.

Хрватскиот медиум индекс објави дека на плажата Горица во Дубровник имало десетици капачи кои се бањале во Јадранско море.

Зимата и Нова Година донесоа топло време на Балканот, а високи нетипични температури се мерат и во Македонија во првите два дена од 2022ра година. Температурите во некои градови во Македонија стигнаа и до 15 степени.