Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Битола

/

пред 2138 дена

Сподели преку :

Државниот здравствен  и санитарен инспекторат денеска  спроведува вонреден инспекциски надзор  во Клиничката болница во Битола, потврди за Телма директорката Ирина Бухова.

Инспекторите ќе направат увид во оваа здравствена установа  на барање на министерот Венко Филипче, откако  на социјалните мрежи вчера  се споделуваа фотографии како во иста болничка соба се чуваат починати пациенти и пациенти кои примаат инфузија.

Директорката на битолската болница, Билјана Гагачовска, за случајот  го информирала Министерството,  повикувајќи се на Законот за здравствена заштита според кој „преглед на умрено лице се врши по правило најрано два часа по настапување на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето“. Таа на овој начин објаснува зошто телата на починатите останале во болничката соба.

Во наредните денови ДЗСИ ќе ја инфромира јавоста што утврдиле инспекторите од овој вонреден надзор.

Емилија Мисирлиевска