Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војници и полиција 24 часа ќе обезбедуваат болници – во Скопје ново инфективно одделение до крајот на неделата

/

пред 2140 дена

Сподели преку :

Војници на своите позиции и без оружје, во асистенција на полицијата. Ќе внимаваат на редот и мирот во болниците и ќе ги чуваат магацините со лекови, распоредени пред важните медицински установи во кризните Ковид-времиња.

Центарот за управување со кризи денес на состанок одлучуваше на кој начин да се изведе сето тоа, колку припадници и каде да бидат распоредени.

Точките за обезбедување се бираат по анализи на стручни лица од областа. Но, не станува збор само за физичко обезбедување, туку како што вели директорот на Центарот за управување со кризи, Ангелов – целосна поддршка на целокупниот здравствен систем. Кадар за тоа има доволно, уверува тој.

Токму установите коишто ќе бидат чувани – болниците, пријавиле дека во последното деноноќие вкупната бројка на пациети позитивни или сомнителни на Корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1291, а има 170 празни болнички кревети во ковид центрите.

Секој ден се пуштаат пациенти дома и така се одржува извесен број и на слободни кревети со довод на кислород. Токму во Скопје, ново инфективно одделение ќе биде отворено во „Ибис-стајл“ хотелот, односно поранешната болница „Систина“.

Услови за тоа има, а најавите се дека до крајот на неделата се’ ќе биде приспособено и ќе профункционира цела нова Ковид-болница. Оваа зграда во почетокот на пандемијата служеше и како државен карантин за сите повратници од странство кои имаа обврска да поминат две недели изолирани пред да се движат слободно.

А, помислата на лица во скафандери кои со носилки ќе внесуваат болни од Ковид пред нивните очи, ги разлути дел од дуќанџиите во трговскиот-центар веднаш до „Ибис“ кои реагираат дека сето тоа ќе влијае и на нивните бизниси.

Петар Догов