Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гласање на затворениците, со маски и со спреј до гласачка кутија

/

пред 2272 дена

Сподели преку :

Во нови услови, на истото место, некои за првпат некои веќе по неколкупати – осудениците во најголемиот затвор Идризово од рано утрово почнаа да го полнат единтсвеното избирачко место. Вкупно 854 затвореници имаат право на глас. Доаѓаа, беа пропуштани еден по еден, првин со мерење температура, па веднаш потоа ги дезинфицираа рацете. Иако на исто место гласаа по избирачки списоци на 63 општини. Гласовите ги даваа зад параванот, а потоа во коверт го пакуваа гласачкото ливче кое ќе биде отворено утре во општинските изборни комисии од каде имаат адреса на живеење.

Некои ги немаше на списокот, а комисијата се обидуваше да обезбеди сигурен во корона време, изборен процес.

И во останатите затвори се гласаше- штипскиот затвор поради безбедност на осудениците гласачи, го префрли избирачкото место во затворската игротека.  Право на глас имаа 192-ца.

На избирачкиот список има вкупно 1657 затвореници кои ќе го искористат правото на глас во сите казнено-поправни установи во државата.

Миомир Серафиновиќ