Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Говорот на омраза навестува валкана кампања

/

пред 1858 дена

Сподели преку :

Иако до стартот на кампањата има неполн месец, партиите почнаа со меѓусебни обвинувања , дискредитации и говор на омраза навестувајќи дека спроведувањето на фер и демократски избори ќе биде предизвик за сите учесници. Политичката атмосфера се вжештува а и покрај тоа што сите ветуваат дека ќе водат позитивна кампања сликата  на терен е поинаква.

Ветуваат дека ќе водат позитивна кампања, но на средбите со граѓаните секојдневно го омаловажуваат политичкиот противник. Говорот на омраза е се поприсутен.Очекувањата се дека кампањата ќе биде со висока тензија и изразена спротиставеност на политичките опции. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  вели дека  не планираат да се занимаваат со градоначалниците на СДСМ и на ДУИ  а на граѓаните ќе им понуделе револуционерна програма.од власта очекува деструктивна кампања, полна со лажни вести и невистини.

Но и СДСМ очекува црна кампања од ВМРО-ДПМНЕ.

Кампањата почнува на 27 септември и ќе трае три недели..Партиите кои нема да се однесуваат одговорно ќе бидат казнети согласно одредбите од Изборниот законик. Ќе се мониторираат сите собири и јавни настапи а ќе се утврдува и злоупотреба на буџетските средства.

Јулијана Пешевска