Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градежен инспекторат: Чаир не соработува за дивоградбата кај “Мавровка”

/

пред 2263 дена

Сподели преку :

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам реагира дека дивоградбата кај т.ц Мавровка е објект од втора категорија и со тоа под надлежност на Општината Чаир.

Надлежни се од општината Чаир да постапат, но заради тоа што Општината досега не постапувала и за случајот молчи, ние „ДИГУ” постапивме законски од кои на 13.07.2020 бевме на контрола во општина Чаир, таму како и секогаш нема ниеден надлежен за соработка или да не упати или да добиеме најмалку одговор и сите молчат, вели директорот на ДИГУ Локман Љимани.

Љимани вели дека иако до општината испратиле известување и ургенција сепак до сега не добиле никаков одговор.

Од Инспекцискиот совет исто имаме задача да координирано со овластените инспектори излеземе и извршиме инспекциски надзор, ние сме спремни на тоа, но од Чаир до денес немаме добиено одговор. Ако по неколку денови, по завршениот рок не постапуваат или не добиеме најмалку одговор, што е постапено од нив, тогаш ќе ги превземеме сите соодветни законски мерки, вели Љимани.