Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грција ги затвора Меџитлија и Стар Дојран до 4-ти август

/

пред 2264 дена

Сподели преку :

Поголема гужва на граничниот премин Богородица – Евзони очекуваат транспортерите по најавата на грчките власти дека од полноќ се затвораат премините Меџитчија и Стар Дојран. Поради тоа, целиот сообраќај ќе биде пренасочен кон преминот на Гевгелија. Досега немало проблеми за влез и излез од државата, бидејќи е намален патничкиот сообраќај.

На преминот Богородица – Евзони засега е мирно, по неколку камиони поминуваат, но без подолги задржувања.

Премините Меџитлија и Стар Дојран ќе бидат затворени до 4 август.

Пограничните власти на Богородица велат дека за да се избегнат гужвите во овој период, ќе ги пуштаат и терминалите за патнички сообраќај, кои во моментов не се во употреба поради рестриктивните мерки за влез во Грција поради пандемијата со Ковид-19.

Сузана Мицева