Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Давитковски: Референдум за бирање изборен модел

/

пред 1734 дена

Сподели преку :

Една или повеќе изборни единици, пропорционален или мнозински модел, отворени или партиски подредени кандидатски листи – ова се дел од дилемите што стануваат актуелни пред секои избори. Стручната јавност и ОБСЕ/ОДИХР повикуваат дебатата за изборниот модел да се отвори независно од терминот за избори и да се затвори барем шест месеци пред нив.

Професорот по политички систем и уставно право Борче Давитковски смета дека за вакво важно прашање не треба да одлучуваат лидерите на четирите најголеми партии туку сите граѓани. Најдобро, на референдум.

Давитковски се повикува на Уставот бидејќи правото на кандидирање и на бирање е уставно загарантирано.

Дел од аналитичарите сметаат дека предлогот за една изборна единица и за отворени листи обезбедува поголема демократија, отвореност и посветеност на политичарите.

Група парламентарни партии предводени од Демократскиот сојуз, ЛДП и ДОМ, доставија во Собранието предлог закон за една единица и за отворен тип кандидатски листи, но ДУИ го блокираше со пет илјади амандмани, додека ВМРО-ДПМНЕ побара враќање на мнозинскиот модел. Прашањето остана отворено но нерешено, бидејќи секоја дебата завршува со заклучокот дека за ваква реформа на изборното законодавство е потребен – консензус.

Соња Николовска