Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Даниела Рангелова ослободена од обвинение за „шлаканиците во Центар“

/

пред 2201 дена

Сподели преку :

Обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети во случајот „шлаканиците во Центар“.

Од обвинението се ослободени некогашната советничка во општина Центар за време на насилствата во 2013, Даниела Рангелова, Борче Богдановски и Милан Андоновски.

Но, обвинети во предметот остануваат Никола Груевски, Миле Јанакиески, Александар Трајковски и уште неколкумина кои одговараат за насилство. Од 14 обвинети сега 11-мина се товарат.

Тие се товарат за поттикнување и организирање насилни протести пред просториите на Општината кои биле организирани дека наводно се против запирање на изградба на црквата „Свети Констатин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар на која требало да се променат деталните урбанистички планови.

Судењето е се уште во тек.