Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК го поништи спорното упатство за броење на гласачки ливчиња без печат- Даштевски се закани со кривична одговорност за непечатираните гласови

/

пред 1803 дена

Сподели преку :

Едногласно и експресно, претпладнево ДИК го укина вчерашното упатство за важечки и неважечки ливчиња.

Сега потенцираат дека ставањето печат на секое гласачко ливче е задолжително и дека непочитувањето на овој дел од Изборниот законик ќе се гони кривично, иако вчера издадоа упатство дека и ливчињата без печат во вториот круг ќе се сметаат за важечки.

Членовите на ДИК признаваат дека промената на ставот ја направиле под притисок на јавноста, но тврдат дека одговорноста треба да се бара не кај нив туку во Управниот суд.

Судот одлучуваше по тужба за начинот на кој се сумирале резултатите во општина Шуто Оризари и донесе пресуда дека не може да се занемари волјата на гласачите поради грешка на избирачките одбори.

Телма ТВ вчера објави дека спорното упатство всушност е спротивно на Изборниот законик во чиј член 109 се задолжува избирачкиот одбор задолжително да удри печат на гласачкото ливче по кинење од кочанот.

По јавните реакции ДИК денеска се „предомисли’“ за својата вчерашна одлука спротивна на законот.