Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дилеми за четвртиот пакет мерки на владата за справување со економските последици од пандемијата

/

пред 2196 дена

Сподели преку :

Парите од четвртиот сет на мерки нема да завршат во рацете на тие на кои им се најпотребни, лошата селекција ќе придонесе да ќарат и бизнисмени кои не се во толку лоша ситуација, предупредува поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

Вели дека не е лесно да се врши селекција но не се сите сопственици на ресторани за свадби во иста финансиска ситуација.

Вели и дека, презентацијата се користи  за популизам и ширење на оптимизам без реална основа.

Хајредини укажува и дека, платежните картички за граѓаните не се од голема помош, особено не за тие кои секојдневно остануваат без работа.

Дел од помошта, вели,  требаше да оди за родителите и децата кои не можат да си купат компјутер за онлајн настава.

Од Сојузот на стопански комори се начелно задоволни од тоа што во пакетот на мерки се вметнати нивните барања, но очекуваат брза реализација на втората фаза. Бараат  транспарентност и за искористеноста на претходните три пакети.

Од Сојузот бараат да нема високи критериуми и услови кои би превенирале користење на средствата.

Далиборка Дамјанска Цветановска