Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Донесен е планот за старт на новата учебна година – први октомври комбиниран модел на настава

/

пред 2223 дена

Сподели преку :

Наместо со поздрав, прегратка и познататиот расказ „како го поминав летниот распуст“ учениците ќе ја започнат школската година под посебни ковид протоколи.

На врата ќе им  се мери температура, па ќе ги дезинфицираат рацете.  Со брошури на кои пишува како да се заштитат од вирусот ќе влезат во училница. Таму може да има најмногу 20 ученицка, кои ќе седат растојание од метар и половиона, со маски на лицето.

Часот ќе трае 30 минути за основците, 35 за средношколците со мала пауза од 5 минути помеѓу часовите. За оние другите пак кои ќе учат он –лајн се подготвува и национална платформа за учење на далечина.  По многуте дискусии и состаноци – денеска на Влада помина планот за новата учебна година. Донесена е одлука на 1 октомври школсата година да почне со комбиниран модел на настава.  Како ќе стартуваат со предавањата – изборот е на општините и училиштата .

Инаку се забранува настава во кабинети, за да нема мешање на учениците од повеќе класови, односно престој во иста просторија иако во различно време. На основните училишта им се препорачува доколку времето е добро, наставата да ја организираат надвор, без маски, но со растојание. А ако наставник или ученик се зарази со корона, ќе мора  веднаш да се извести епидемиолог. Министерот Филипче изјава дека Комисијата за заштита од заразни болести е во контакст на максимална заштита.

Инаку доколку се влоши има класична настава веднаш ќе дојде до промена, односно наставата ќе продолжи да се одвива онлајн.

Теодора Цветковска