Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Другата недела ќе се знае какви казни ќе има за административците и здравствените работници кои нема да се вакцинираат

/

пред 1782 дена

Сподели преку :

Најрано во вторник ќе се знае со какви казни би се соочиле граѓаните коишто нема да сакаат да бидат вакцинирани и покрај воведената мерка. Станува збор за административците, здравствените работници, сите коишто се опфатени со мерката, а не спаѓаат во категоријата граѓани со потврда од специјалист дека не треба да примат вакцина заради некоја друга состојба.

На Главниот кризен штаб акцент ќе биде ставен на лекарите бидејќи болниците не може да функционираат без нив, а сепак висок е процентот на невакцинирани здравствени работници, дури 30%.

Запрашан за тоа дали се размислува за уште построги ограничувања или пак вакцината против Ковид да стане дел од редовниот календар на вакцини, министерот за здравство одговори дека се следат примерите од европските и од земјите од регионот, но засега анти-Ковид вакцината останува право на избор.

Во фрижидерите на Институтот за трансфузиологија денес беа примени 200 илјади дози од вакцината на „Фајзер“, како донација од Полска. Со ова во земјава се дуплираше бројот на достапни вакцини и сега на располагање се дури 470 илјади дози.

Петар Догов