Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДСЗИ не констатирал недостатоци кај модуларните болници

/

пред 1839 дена

Сподели преку :

Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор во 18 модуларни болници, а од извршените надзори не се констатирани недостатоци, се наведува во денешното известување на инспекторатот.

Инспекцијата не затекнала недозволена посета на роднини на пацинети, а во сите модуларни болници било истакнато на видно место дека е забранета посета. Секаде имало истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал, лекари и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти. Вработените во моуларните болници се имунизирани а дел имаат прележано Ковид-19 се наведува во извештајот на инспекторатот.

Но, не сите болници се котристат за иста намена бидејќи во Дебар модуларната е претворена во вакцинален пункт, а во Штип моментално се корисит како инфективно одделение затоа што одделнието во болницата се реновира.