Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев ветува автопат до Косово до 2023-та

/

пред 2171 дена

Сподели преку :

До 2023-та година, патувањето со автомобил од Скопје до Приштина, би требало да трае само 45 минути. Тоа, според премиерот Заев ќе се оствари доколку се отстранат проблемите со експропријација во делот на полигонот Стенковец и доколку се заокружи проектната документација за целата должина на автопатот. Ова било разговарано при првата официјална посета на Косовскиот премиер Хоти.

Договорено е поврзување на Скопје и Приштина и со природен гас, one stop shop на македонско-косовската граница, како и патно поврзување на Тетово и Призрен. И премиерот Хоти очекуваме интензивирање на економската соработка меѓу земјите од Балканот.

-Јас очекувам Самитот во Софија, што е организиран заедно од вас и од Бугарија, да биде успешен за регионот, со конкретизирање на иницијативите што вие ги започнавте во претходниот мандат. Тие треба да бидат база подеднакво за сите Балкански земји. Очекувам повторно да се сретнеме во Софија за да ги конкретизираме тие иницијативи, изјави косовскиот премиер, Хоти.

Заев и Хоти најавија и заедничка меѓувладина конференција, веднаш штом ќе дозволи здравствената состојба со ковидот.

Соња Николовска