Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна средбата на Заев и Ахмети во Клубот на пратениците

/

пред 2238 дена

Сподели преку :

Лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети ја почнаа средбата во Клубот на пратениците на која се очекува конечен договор за  формирање владина коалиција.

Заев и Ахмети се придружувани од генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби.

Како што соопштија вчера СДСМ и ДУИ, постигнат е сериозен договор меѓу двете партии во преговорите за формирање влада.

За време на викендот и вчера продолжиле интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна влада на Република Северна Македонија.