СДСМ и коалицијата „Можеме“ се победници на овие предвремени парламентарни избори, кажа лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев.
Патот напред е потврден, на опасноста ѝ кажавме јасно “не’“, рече тој. Им заблагодари на сите кои биле активни учесници за новото поглавје на македонската демократија.











