Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев: Не размислувам за оставка

/

пред 1844 дена

Сподели преку :

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка.

Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.

-Мицкоски да дојде, премеир да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Се додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Другата алетрнатива  е ова: заедништвото, инвестициите, повисоките плати, придонес во БДП, истакна Заев по посетаста на новата фабрика за кабли во Сарај.

Во однос на понудените оставки рече дека нема дополнителен коментар зашто за тоа, нагласи, секој ден дава изјави.

-Трагедијата не погоди сите и ќе ја памтиме цел живот. Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичите извештаи, нагласи премиерот.

Тој уште еднаш рече дека сите покажале чувство на одговорност, доаѓајќи веднаш на местото на несреќата за да помогнат некако. Злоуптребувањето на болката низ која минува цел народ, рече Заев, е чисто политиканство.