Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев: Обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини, пријавете се за термин

/

пред 1983 дена

Сподели преку :

4.850 дози вакцини на производителот „Фајзер“ денеска пристигнаа во Македонија во рамките на помошта од ЕУ за државите од Западен Балкан.

Ова е првата пратка а до крајот на месецот ќе бидат испорачани вкупно 19.890 дози на „Фајзер“.

Вкупно 119.213 вакцини на „Фајзер“ кои Унијата ги обезбеди преку трилатералните договори и ќе бидат испорачани до крајот на август. Премиерот Заев соопшти и дека денеска е испорачана идентична количина од производителот „Фајзер“ во рамките на директниот договор со Владата.

Премиерот Заев и еврокомесарот Вархеји го посетија вакциналниот центар во салата „Борис Трајковски“ од каде што порачаа дека ова е само почеток на помошта на ЕУ  и дека никој не е безбеден додека сите не се безбедни односно вакцинирани.