Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Курти и Заев со различни ставови за иницијативата „Отворен Балкан“

/

пред 1843 дена

Сподели преку :

Западен Балкан  веќе не е буре барут, не е темпирана бомба туку Балкан на 21 век. Нашето место е во Европската Унија и тоа е заслужено – порача премиерот Заев после денешната прва заедничка седница меѓу Владите на Македонија и Косово. Двајцата премиери Заев и Курти се согласија дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Но, имаат спротивен став  за иницијативата Отворен Балкан. Македонија влезе, но косовскиот премиер Албин Курти е категорично против Косово да се приклучи на земјите од  балканскиот Мини Шенген.

Премиерот Заев пак рече дека Косово како суверена и независна држава ги гради своите ставови, а ние ги почитуваме. За Отворен Балкан како премиери имаме различен став, но тоа не ни е пречка одлично да соработуваме, порача тој.

Двајцата премиери ставија потпис на вкупно 11 договори и меморандуми за соработка. Во преден план е економијата и инфраструктурното поврзување на двете земји.

Во пакетот потпишани договори се најдоа договорот за спојување на двата автопати во Граничниот премин Блаце, во рамки на изградбата на автопатската делница Скопје-Блаце, договорот за студија за патот Призрен-Тетово, договорот за воспоставување заеднички гранични премини, како и договорот за заеднички скијачки проект, што ќе ја поврзува Брезовица и Попова Шапка, изјави Заев.

Договорите предвидуваат соработка во областа на дијаспората, железничкиот сообраќај, енергетиката, туризмот,  иновациите и технолошкиот развој. Курти е убеден дека сите проекти успешно ќе се реализираат до крајот на нивните мандати.

Александра Филиповска