Струмичкиот канал познат како порој, на улицата „Крушевска Република“ се затвора.
Каналот што со години е проблематичен за жителите на тој дел од градот честопати се излева за време на дожд или се полни со отпад.
За жителите од тој дел на градот најважно е да се реши проблемот со излевањето и миризбата.
Општината проектира каналот да стане шеталиште, но пред тоа мораат да ги решат проблемите со атмосферските води.
Вредноста на проектот е околу 5 милиони денари.
Сузана Мицева











