Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затворена модуларната пред Инфективна, раководството тврди дека е превентивно

/

пред 1813 дена

Сподели преку :

Модуларната болница пред инфективна е под клуч. Од клиниката за МИА објаснуваат дека објектот е затворен превентивно, бидејќи забележале капки вода, кои во ниту еден момент не биле во допир со електричната инсталација.

Потенцираат дека нема прокиснати, ниту поплавени простории, а неколкуте пацинети кои се лекувале таму, се префрлени во зградата на Инфективна и во други ковид оддленија, бидејќи како што велат, модуларната болница во моментот се дезинфицира.

На инфективна се хоспитализирани 87 пациенти, а има капацитет од 100 болнички кревети. Модуларната пак, како помошно инфективно одделение раполага со 70 болнички легла. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затварање на модуларната болница, потенцира раководството на клиниката.