Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЗНМ со осуда за односот на Тозија кон новинарите

/

пред 2194 дена

Сподели преку :

Здружението на новинари на Македонија повторно алармираше за непримерниот однос кон новинарите на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија. ЗНМ соопштува дека новинарката Сунчица Уневска Гвозденовиќ пријавила дека била предмет на закани и омаловажувања од Тозија на социјалните мрежи.

Смешна си ти со своето незнаењеи злоба, да беше во друга држава немаше да ти дозволат да напишеш реченица, ама простотата и злобата ќе се потрудам да ја правдаш пред суд… Срам да ти е, излезе долна, злобна, лажливка која одработува од инает и незнаење, се вели во пораката која Гвозденовиќ ја добила од Тозија.

 

ЗНМ смета дека ова е скандалозен и низок начин на комуникација од одговорно лице на јавна установа кон новинар.

знм ќе ја извести и владата за овој инцидент и ќе побара од надлежните тозија да сноси политичка одговорност за овој однос со кој се нарушува угледот на агенцијата за филм, која тој ја застапува, велат од ЗНМ.

ЗНМ додава дека лице кое има јавна функција треба да има поголем капацитет за критика а заканите со тужби кон новинарите се сметаат за притисок и допринесуваат кон зголемување на самоцензурата.