Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Касами: Долгот на општината, од над 24 милиони евра, ќе биде објавен на монитор на плоштадот во Тетово

/

пред 1769 дена

Сподели преку :

24 018 222 евра е вкупниот долг на општина Тетово, објави денес градоначалникот Биљал Касами. Најмногу должи Општината, односно 14 061 397 евра и тоа кон приватен и јавен сектор, физички лица, а во оваа сума се опфатени и договорени нерегистирани и договорени сомнителни. Должници се и јавните претпријатија, така што комунално должи 9 691 570 евра, претпријатието за паркинзи должи 187 568 евра, додека долгот на училиштата изнесува 77 687 евра.

Предходната локална самоуправа наследи долг од над 8 милиони евра. Според Касами и покрај тоа што Владата пред неколку години исплати дел од општинските долгови, сепак истиот се зголемувал.

Касами вели дека дел од долгот е сомнителен, поради што најавува ревизија, а вкупниот долг планира да го намали со обжалување решенија и барања кон приватните оператори за отпис на камати.

Касами најави дека долгот ќе биде објавен на монитор на гратскиот плоштад и на општинската интернет страница.

Во однос на изнесените информации за општинскиот долг побаравме одговори од предходната градоначалничка Теута Арифи, но до овој момент не добивме.

Данијела Билбилоска