Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кастриот Реџепи преку видео обраќање на ФБ ги разби шпекулациите дека е киднапиран

/

пред 1806 дена

Сподели преку :

Пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи, преку видео обраќање ги разби шпекулациите дека е киднапиран. Тој се огласи откако Касами отиде да го пријави во полициска станица за исчезната а целиот опозициски фронт се сомневаше дека е киднапиран откако не се појави утрово на седницата во собрание каде требаше да се гласа за недвореба на владата. Реџепи порача дека е на сигурно и на вистинскста страна.

„Власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Ова веќе е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт“, изјави вечерва претседателот на БЕСА, Биљал Касами.

Касами информираше дека „пријавил оти пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“, како и неговото најблиско семејство – мајка, жена и син и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен.

Прашан како го коментира тоа што Кастриот Реџепи се јавува преку социјалните медиуми, Касами рече дека тоа е дополнителен доказ дека тој може под сила да даде секакви изјави.

– Се додека не излезе пред јавноста и да каже кој е неговиот став, јас може да претпоставувам. После ова што се случи 24 часа да не биде после ова не 61, власта со вакви механизми може да обезбеди и 120 гласа. Значи, веќе ова е делегитимација затоа што со криминални акти и механизми се обезбедуваат гласови за да не падне оваа криминална власт, изјави Касами.

Еве го линковското јавување на Павле Беловски во вестите на Телма во 18.30