Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кај девет пациенти детектиран сојот омикрон, осум се од Скопје, еден е од Кочани

/

пред 1733 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2.

Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци.

Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци.

Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани.