Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кина ги пакува вакцините за Македонија – планот е 2.500 луѓе на ден да примат доза

/

пред 2068 дена

Сподели преку :

Додека кинеската компанија „Синофарм“ ги изработува вакцините според договорот со Македонија за до крајот на овој месец, здравствениот врв испланирал каде и како да се вакцинира 2.500 лица на ден. Товарот ќе падне врз здравствениот дом Скопје и трите скопски поликлинки Јане Сандански, Букурешт и Ченто. Во две смени и до 240 граѓани ќе треба да поминат во некои од пунктовите за вакцинација.

Внатрешноста ќе се вакцинира во болниците и модуларните болници во специјалзиирани пунктови. Првата недела ќе биде резервирана за повеќе од 4.000 здравствени работници.

Понатаму, количината од 200.000 дози ќе се намени за повозорасните граѓани од 70 години. Матичните лекари ќе вртат телефони кај своите пациенти и ќе закажуваат термини. Ќе се вакцинира оној кој сака, објаснува Филипче, но без конкретен план што доколку „мој термин“ не успее да ги контакткира сите таргетирани лица.

Здравство не застанува само на трите кетегории граѓани според националната стретегија за имунизација. На интернет страницата која треба да заживее од утре ќе може да се пријави секој граѓанин кој сака да ја прими вакцината. Сепак, приоритет за вакцинирање ќе имаат  ризичните катетегории на граѓани. Кинеската вакцина на „Синофарм“ е со оптимална безбедност и ефикаснст, а тоа значи дека може да ја прими секое лице без разлика дали боледува од хронични болести. Ефикасноста на вакцината варира од 60- 90 проценти, а чувањето и транспортот е на температура од 2- 8 целзиусови степени. Земјата е во исчекување на потврда за 150 илајди дози од Ковакс механизмот на европската унија за прераспределба на вкацините.

Павле Беловски